Џесика Смит ја добила својата прва улога во време кога не можела ни да зборува, а нејзиното лице го знае речиси секое домаќинство.
Еве како изгледа бебето од Телетабиси денес. Џесика цела деценија го играше ,,сонцето”на Телетабиси, популарна детска емисија.
Продуцентите ја пронајдоа додека сè уште била во болница и веднаш виделе потенцијал во неа поради светлото однесување на Џесика. Како што еднаш изјави Џесика за странските медиуми, таа била многу весело дете.
Due to less air pollution, the Teletubbies sun baby is now visible from Earth again. We are the virus 💔 pic.twitter.com/zGqtxGDuvQ
— anthony amorim (@AnthonyAmorim) April 21, 2020
Тоа помогна и во снимањето на нејзината улога, бидејќи, како што еднаш кажа, постојано се смешкала додека биле вклучени камерите. Улогата, која ја играше речиси една деценија, бараше половина час снимање. Џесика денес е горда на таа улога, а на нејзиниот Инстаграм профил стои дека се уште е активна во актерството.