Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Претставата „Дупло дно“ повторно на сцената на прилепски театар

admin 27/04/2023 00:00
image00008

„Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска, е претставата што театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја изведе на матичната сцена. Драмата Стефановски ја пишува во 1983 г. нарекувајќи ја „пасија во три става и кода“ што наликува на музичката форма свита и во неа ги отвора проблемите на поединецот уметник, лудак и револуционер наспроти системот, отелотворен во ликот на министерот за култура.

Режисерката Наташа Поплавска во „Дупло дно“ од Стефановски го отвора прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реалноста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците што се борат за „уметничката слобода“, а всушност се борат за позиција на министри за култура, со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус. Со својата режиска постапка таа се обидува да ја погледне драмата како реално шоу со музичка свита, ставајќи ја актерската игра пред камери, додавајќи музичари раководени од композиторот Ристо Вртев.

Драматург е Ивана Нелковска. Во претставата играат Катерина Клинческа Чакмакоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, а музичари се Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска и Филип Јездиќ.

На Поплавска ова ѝ е трета соработка со Прилепскиот театар.

Continue Reading

Претходно: Битола ќе го слави роденденот на Горан Стефановски
Следно: МЗШВ: Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Поврзани вести

DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа 142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

15/08/2026 08:12
Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 3
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 4
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 5
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27

Можеби сте пропуштиле

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани