НАЈНОВО

Настани

Пет награди за Народен театар Битола на фестивал во Рума, Србија

НУ Народен театар-Битола, македонски претставник на меѓународниот театарски фестивал кој викендов се одржа во српскиот град Рума, освои пет награди за претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев во режија на Иван Јерчиќ.

Стручното жири на 27 Арт Трема Фестивал во состав:
Зијах Соколовиќ
Марина Вујчиќ
Неџма Чизмо, едногласно ги додели следните награди на претставата
,,КИСЛОРОД,,
од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ:
*СРЕБРЕНА ТРЕМИНА МАСКА за претставата
,,КИСЛОРОД,,
од Иван Вирипаев,
во режија на Иван Јерчиќ – НУ Народен Театар Битола,
*НАЈДОБРА РЕЖИЈА (ЗЛАТНА ПЛАКЕТА) на Иван Јерчиќ,
*НАЈДОБРА СЦЕНСКА МУЗИКА на Александар Димовски,
*НАЈДОБАР ДИЗАЈН (музика, звук, светло-тотал дизајн) на Александар Димовски, Марјан Ѓорѓиевски, Владимир Переловски и Никола Ѓорѓиевски, Сашо Илковски
*НАГРАДА ЗА ПАРТНЕРСКА ИГРА на Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов
На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Поврзани новости