Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Според Календарот на МПЦ денес се празнува Сретение Господово

admin 15/02/2024 00:00
crkva-1-1

Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 – 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа с ? , се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир. Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

Тропар
Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просветлува оние што се во темнина. Весели се и ти, старче праведни, кој Го прими во прегратките Ослободителот на душите наши, Кој ни дарува воскресение.

Кондак
Христе Боже, Кој со Твоето раѓање ја освети утробата на Дева, и ги благослови рацете Симеонови како што прилега, откако ни дојде во пресрет, н? спаси и нас. Но, смири го во неволјите Твоето население, и поткрепи ги нашите управители, единствен Човекољупче.

Светиот новомаченик Јордан

Родум од Трапезунт, по занимање казанџија. Отворено ја бранеше верата Христова и ја изобличуваше мухамеданската. За ова пострада од Турците во 1650 година во Галата во Цариград. Исто така пострада и монахот Гаврил, канонархот на Големата црква во Цариград во 1672 година.

Тропар
О Јордане, пофалбо на Црквата, устата твоја Христос Го исповеда, кога лагата се понуди во замена за живот вечен, пред луѓето и пред ангелите остана радосен во подвигот, и жив во Христа Господа, пред Кого се молиш за спасение на оние кои притекнуваат кон тебе.

Continue Reading

Претходно: Сончево со мала облачност и ветер
Следно: Зошто се будите со главоболка

Поврзани вести

fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани