Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 74 години од формирањето

admin 19/02/2024 00:00
stapica-za-gluvci-5-696x464-1

Театарот „Војдан Чернодрински“ прослави 74 години од формирањето, од денот кога завесата се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Годишнината е одбележана со изведбата на најновата претстава „Стапица за глувци“, според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески, во која се говори за тоа дека секој мисли дека неговата перспектива е правилна. Но што е, всушност, вистината?

Низ годините различните генерации на актери ределе премиери едноподруго, имало и падови, но и успеси на театарот. Досега се прикажани околу 360 премиери и одиграни над 7.500 претстави, кои ги гледале над 1,7 милион луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, па потоа „Од кол на кол“, во режија на истиот режисер.

Голем успех театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк…“, во режија на Мартин Кочовски, со „Силјан Штркот“ според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа „Кумови“, „Собирен центар“, „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Колобан“, „Молам за секс“… Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите „Спиро Црне“ од Б.Р. Платнар, во режија на Владимир Милчин, „Колобан“ од Блаже Алексоски, во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј“ од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица“ од Христо Бојчев и „Опера за три гроша“ од Брехт, и двете во режија на Владо Цветановски.

Претстава што привлече најголемо вниманието не само на македонската туку и на балканската публика е „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Не помалку наградувана е „Кавкаскиот круг со креда“, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Екс понто“ во Љубљана, Словенија. Десетина награди има освоено на МТФ „Војдан Чернодрински“. Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Од 2004 година работи во состав на ЦК „Марко Цепенков“.

Continue Reading

Претходно: Прилепчанка измамила повеќе граѓани која изнајмувала стан во Скопје кој и не постоел
Следно: СВР Битола: 208 санкции за сообраќајни прекршоци изминатиот викенд

Поврзани вести

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 1
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 4
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 5
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19

Можеби сте пропуштиле

large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани