НАЈНОВО

Занимливости

ВИДЕО: Најубавите природни бои за вапсување на велигденските јајца

Декорирањето јајца е една од најинтересните велигденски традиции, но некои техники за боење јајца вклучуваат состојки кои ги прават јајцата небезбедни за јадење… Бидејќи непотребниот отпад од храна е нешто што дефинитивно е препорачливо да се избегнува, затоа попрво треба да се прибегнете кон природните, сосема безбедни методи за боење јајца, кои исто така даваат одлични резултати.

Кога не сте сигурни за начинот на боење и украсување на велигденските јајца, но и за храната воопшто, најдобро е да го следите следново правило – не користете нешто што не сте сигурни дали ќе го загрози здравјето на конзументите. Кога станува збор за јајца, треба да бидете особено внимателни затоа што хемикалиите лесно може да навлезат во лушпата од јајцето. За среќа, многу е лесно да се направат обоени јајца кои се убави и се сосема безбедни за јадење.

Секој од овие методи на боење јајца може да се користи со тврдо варени јајца, па можете да ги вратите во фрижидер и да ги јадете подоцна.

Јајца бојадисани со шлаг

Овој метод првично вклучува пена за бричење, но замената на пената со шлаг дава одлични резултати. Во сад за печење додадете го шлагот, на површината ставете ги капките течна прехранбена боја и измешајте за да се соединат. Потоа валкајте ги јајцата во обоениот шлаг.

Мермерни јајца

Можеби звучи како нешто комплицирано што одзема многу време и материјал, но всушност е исклучително едноставно. Сè што ви треба се обична боја за јајца и неколку лушпи од кромид. Исечкајте ги лушпите на мали парчиња, а потоа нанесете ги на влажно варено јајце и завиткајте го јајцето во мрежест чорап и ставете го во растворена боја за јајца.

Природни бои за јајца

Не ги фрлајте лушпите од кромид! Оваа сезона свртете се кон природните и безбедни методи, со што воедно ќе имате помалку отпад. Сина боја ќе добиете од испасирани боровинки варени во вода или варена виолетова зелка со две лажици оцет, за потемна зелена нијанса, сварете го виолетовиот кромид со две чаши вода и две лажици оцет, портокалова боја ќе добиете од жолт кромид сварен во вода и две лажици оцет; комбинацијата од кафе и оцет ќе ви даде кафеава боја. Комбинациите се навистина многубројни.

 

Јајца обоени со ориз

Ако имате обичен сув ориз во оставата, пробајте го овој метод – ставете ориз во пластична чаша, додадете неколку капки прехранбена боја, додадете едно јајце и нежно протресете.

Шарени јајца во масло

Тајната на шарените велигденски јајца се крие во вашата кујна. Направете боја за јајца со комбинирање на бел оцет и прехранбена боја. На крајот, потопете ги обоените јајца во мешавина од растително масло и вода за да создадете прекрасен, мермерен ефект.

Јајца вапцани со прехранбена боја

Еден од наједноставните начини за боење јајца се состои од само три состојки и е многу едноставен. Измешајте боја за храна, оцет и вода за да создадете свои шарени бои за јајца. Потопете ги обичните јајца во добиената смеса (колку подолго ги оставите, толку подлабока и посилна ќе биде бојата. Ако сакате да добиете одредена шема, залепете ги јајцата со селотејп пред да ги обоите, кој подоцна ќе го отстраните.

Бојадисување со памук

Оваа техника донекаде го спречува лошиот квалитет на боите, бидејќи кај неа тие се раствораат во сосема мала количина на вода. По што земате еден памук, колку да го обиколите јајцето и додавате на растојание неколку капки сина боја, неколку капки црвена, жолта… комбинирајте ги боите, како што ви се допаѓа и вртите. Го оставате јајцето убаво да се напои и по некое време го одвиткувате. Останува само да го измачкате со крпче и малку масло. Наместо памук може да користите и салфетка.

Tie-dye јајца

Овој метод е одлична забава и за најмалите. Завиткајте ги јајцата во хартиена крпа и посипете ги со мешавина од оцет и прехранбена боја – многу лесно, а и децата можат да ви помогнат. По бојадисувањето, задолжително вратете ги јајцата во фрижидер во рок од два часа.

Поврзани новости