Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи денеска околу 13:53 часот на патот Битола – Ресен кај превојот “Ѓавато” во атар на с.Ѓавато.
Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „Сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И. А.(57) од Ресен и сопатник во истото возило А.А.(56) од Ресен и „Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен.
-Во незгодата на лице место починала И.А. при што смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а сопатникот на Сеатот и возачот на Мерцедесот се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.