Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Мода и убавина

Фустанот кој се „појави“ на изборот на мис универзум, го воодушеви светот со приказната што се крие зад него

admin 16/01/2023 00:00
фустан-избор-на-мис-универзум-1

Иако не заврши меѓу првите три, девојката која привлече големо внимание во јавноста во последните денови беше Ана Суангам-иам, која го претставуваше Тајланд на изборот на мис универзум.

Тоа го направи благодарение на уникатниот вечерен фустан во кој се појави на сцената три дена пред главниот избор, на прелиминарниот натпревар на 71-от избор за Мис Универзум.

Освен што ја воодушеви публиката со својот избор, фустанот што го носеше собра и повеќе од 225.000 лајкови откако Ана Суангам-иам го објави на Инстаграм. Имено, зад оваа креација се крие посебна приказна.

За почеток, фустанот е направен од отворачи за конзерви, но има причина за тоа.

Мојот фустан – моја лична порака до универзумот, девојката ја започна приказната и под фотографијата објавена на Инстаграм објасни дека инспирација за фустанот била средината во која пораснала.

View this post on Instagram

A post shared by Anna Sueangam-iam (@annasnga_1o)

Растејќи со родители кои собираат ѓубре, моето детство беше опкружено со купишта отпадоци и средства за рециклирање.

Овој уникатен фустан е намерно направен од фрлени и рециклирани материјали, поточно од отварачи за конзерви, за да му покаже на универзумот дека она што многумина го сметаат за безвредно, всушност има своја вредност и убавина, напишала Ана Суангам-иам и им се заблагодарила на сите што го виделе.

Нејзините следбеници во коментарите и кажаа дека фустанот е прекрасен, како и приказната зад него.

За изработката на вечерниот фустан беше задолжена екипата на тајландскиот бренд Manirat. Тие употребија стотици алуминиумски отворачи за конзерви, дополнително украсувајќи го фустанот со кристали Сваровски.

Девојката која блесна во тој фустан има 24 години. Таа е родена и израсната во сиромашен кварт во Бангкок, а во еден момент нејзиното семејство ја испратило во храм за да ја заштити од небезбедна средина.

Таа пораснала меѓу будистички калуѓерки, а нејзините оброци главно се состоеле од остатоци за монасите.

За да се образува морала да работи разни работи. Така таа самата собирала пластичен отпад и шишиња, но и чистела јавни тоалети. Личното искуство ја навело да започне да се занимава со прашањето за достапноста на образованието во Тајланд.

Ана Суангам-иам сега се надева дека нејзиното учество на натпреварот за Мис Универзум ќе и помогне да ги приближи проблемите на децата од сиромашните заедници до јавноста. Во моментов работи со голем број тајландски непрофитни организации.

Continue Reading

Претходно: Ролат со јаболка: Најлесен рецепт за вкусна торта на која нема да можете да одолеете
Следно: Англискиот јазик се помалку се користи во Америка: Секој петти Американец не зборува англиски дома

Поврзани вести

kafe_2022-1024x684-1
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Пиењето неколку шолји кафе или чај со кофеин може да помогне за менталните способности и спречувањето деменција

Шеталиште 10/02/2026 14:21
609031274_1349964386932223_2853220065499720429_n
  • Живот
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Вроден дефицит на фактор XIII

Шеталиште 01/02/2026 09:31
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален  FB_IMG_1773123179203 1
  • Вести
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален 

10/03/2026 06:23
Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари nis_piu_motorno_gorivo1-1 2
  • Економија

Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари

09/03/2026 12:25
Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2 3
  • Прилеп инфо

Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп

09/03/2026 12:23
Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти Supermarket-5-610x400-2 4
  • Економија

Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти

09/03/2026 12:14
Мартин Томовски двоцифрен против неговиот прв клуб во Германија tomovski 5
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Мартин Томовски двоцифрен против неговиот прв клуб во Германија

09/03/2026 11:52

Можеби сте пропуштиле

Santorini-domes-ss
  • Патувањa

Војната го менува туризмот: Се поголем интерес за патувања во Европа

Шеталиште 10/03/2026 08:24
FB_IMG_1773123179203
  • Вести
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален 

Димитар Петковски 10/03/2026 06:23
646842976_1254842639394310_6019516484501274739_n
  • Промо

32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

Шеталиште 09/03/2026 15:02
IMG_1557
  • Промо

Битола го слави франкофонското наследство: „Франкофонска пролет“

Шеталиште 09/03/2026 14:50

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани