Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Црвено-бела амајлија – Мартинка: Ова се обичаите поврзани со нив

admin 01/03/2023 00:00
20230228105049-3

Првиот ден од месец март е познат како ден на кој се подаруваат, односно врзуваат мартинки.

Верувањата и обичаите поврзани со овој ден во поново време не се толку многу застапени како во 90-тите години, кога детето ќе станело од сон и мајка му или бабата му ставале брош изработен од црвен и бел конец.

А пак на поголемите дечиња им се врзувало мартинка – плетена алка од црвен и бел конец или волница.

Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината.

Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден ја симболизираат пролетта, но и доброто здравје. Црвената боја на мартинката значи живот, а белата чистота и здравје. Со конец се изработуваат разновидни фигури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче.

Мартинката се подарува во чест на Баба Марта и истата се носи на левата рака или закачена на облеката. Се вели дека подарената мартинка е знак за топло пријателство и среќа.

Приказни и верувања поврзани со мартинките има колку ви душа сака. Едно од нив е дека кога ви се врзува мартинката на рака треба да си замислите желба, а истата да ја носите додека не го видите првото процветано дрво, каде ќе ја оставите, или пак да ја ставите под камен по првиот видел штрк.

Оваа традиција особено се негува во соседна Бугарија. Според верувањето на 1 март, луѓето, дрвјата и животните се украсени за здравје и успех со мартинки изработени од изпреплетена бела и црвена нишка.

Исто така интересно е тоа што овие амајлии се познати под неколку имиња како: мартинки во Македонија, мартеница во Бугарија, мартишор во Романија и Молдавија.

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно време со повремен локален дожд
Следно: Денеска е Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан

Поврзани вести

DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
1_cokolado
  • Занимливости

Денеска го славиме Светскиот ден на чоколадото — дали знаете зошто е избран токму 7 јули?

Шеталиште 07/07/2026 10:48
04.07.2026-7
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (04.07.2026)

Шеталиште 04/07/2026 12:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани