НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Јадење кое не престанува да воодушевува: КОМПИРИ ПОЛНЕТИ со фета и сланина и потпечени во рерна

4 големи бели компири
1 голем домат
100 гр сечкани маслинки
100 гр фета сирење
100 гр сланина
маслиново масло
сол, бибер
оригано

Подготовка:

Добро измијте ги компирите во раствор од сода бикарбона и вода и избришете ги со крпа. Намачкајте ги со маслиново масло, посолете ги и избоцкајте ги со чепкалка на повеќе места. Наредете ги на хартија за печење и печете околу еден час на 190 степени. Кога ќе бидат готови, оставете ги малку да се изладат, а потоа издлабете ги со лажица. Средината измешајте ја со лажица маслиново масло, сол, бибер и оригано. Вратете ја смесата во издлабените компири, додајте ги сечканите домати и маслинки, распарчената фета и ситно сечканата сланина. По желба прелијте со сос од павлака, краставица и лук.

Поврзани новости