Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

Џенис од „Пријатели“ откри што мисли за шокантната исповед во мемоарите на Метју Пери

admin 30/01/2023 00:00
Screenshot_20230129_225423_edit_1106673120555960-1

Ѕвездата на „Пријатели“, Меги Вилер, рече дека мемоарите на Метју Пери се „тажни“ и „тешки“ за читање.

Позната од серијата,, Пријатели” и незаменливата улога на девојката на Чендлер со иритантна насмевка што како и денес да ја слушаме, актерката Меги Вилер за Page Six се отвори и раскажа дека и било тешко да ги чита мемоарите на нејзиниот колега Метју Пери.

Зборувајќи за скороиздадената книга со шокантно признание од актерот, на Вилер и било неверојатно тешко, затоа што во неа имало толку многу зачудувачки откритија за начините на кои Метју страдал во текот на годините обидувајќи се да се справи со неговите зависности.

Во книгата ,,Friends, Lovers and the Big Terrible Thing”, Пери откри дека за малку ќе умрел пред неколку години на 49-годишна возраст кога дебелото црево му пукнало од предозирање со опиоиди. Актерот поминал две недели во кома и пет месеци во болница.

53-годишната ѕвезда од „The Whole Nine Yards“, исто така сподели дека во еден момент конзумирал 55 апчиња Викодин и еден литар вотка само за да го издржи денот и кажува дека издвоил околу 9 милиони долари обидувајќи се да се отрезни.

„Мислам дека направи огромна работа и навистина го преживеа незамисливото“, вели Вилер.

„Толку сум горда на него и многу сум среќна што е тука и мислам дека е многу храбро од него да напише книга и јавно да зборува за неа, тоа навистина им помага на многу луѓе“. Таа истакна дека и покрај очигледните борби на Пери на снимањето на „Пријатели“, за што сведочи неговото драматично слабеење и зголемување на телесната тежина, тој отсекогаш бил совршен професионалец.

„Се појавуваше на работа дури и кога беше во најмрачните денови и тоа со сиот свој хумор, брилијантност и талент.

Никогаш немаше ден да работам со него на снимањето и да се чувствувам несигурна за тоа како ќе учествува во процесот, затоа што тој беше 100 проценти присутен, дури и кога се мачеше“, објаснува Вилер.

Апро по, во едно интервју во врска со тие денови, актерот објасни дека и покрај преголемиот мамурлук кој го чувствувал секој ден на сетот, Пери секогаш бил присутен, точен и принципиелен за време на снимањето на серијата затоа што бил свесен дека тоа биле неговите најубави денови од животот и дека ако нешто погреши, никогаш не би си простил на себе си. 

А што се однесува до тоа да се биде дел од историјата на поп културата, Вилер е воодушевена.

„Неверојатно е да се биде дел од нешто што значи толку многу за толку многу луѓе, што им носи радост на луѓето и ги прави да се чувствуваат мирно и среќно“, вели таа. „Слушам толку многу приказни за луѓе кои гледаат ,,Пријатели” пред спиење, па да, одлично е да се биде дел од нешто што сега има толку голема резонанца не само овде, туку и низ целиот свет“.

Актерката неодамна беше домаќин на тематската вечер „Пријатели“ во соработка со компаниите International Delight и Warner Bros.

Нешто повеќе околу книгата на Метју Пери која веќе е познат бестселер, можете да погледнете подолу во видеото.

Continue Reading

Претходно: Затоа што убавината е совршено чувство! -,,Аура”, место каде младоста брилира
Следно: Предлог модна идеја: Костум или одело – Култниот модел со поинаков материјал

Поврзани вести

socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
Chipichan
  • Забава
  • Занимливости

Чипичанот го прослави својот 30 роденден: омилен и кај Зет-генерацијата

Шеталиште 20/01/2026 14:45
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани