Бебе починало при транспорт од Прилеп кон Скопје

0
Споделивања

Осуммесечно бебе починало вчера при транспорт од Прилеп со возило на итната медицинска помош кон клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на информации од СВР Битола.

Бебето претходно било однесено во прилепската болница, во тешка здравствена состојба, од страна на мајката, според првичните информации.

Случајот бил пријавен во полиција, а телото на починатото бебе било предадено на обдукција, по насоки на јавен обвинител.

0
Споделивања
Exit mobile version