Прилепчанец упатувал заканувачки пораки на странска амбасада

0
Споделивања

Четириесет и седумгодишен прилепчанец доби кривична пријава бидејќи упатувал заканувачки пораки на странска амбасада.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 16.05.2024 од странска амбасада било пријавено дека пријавениот упатувал навредливи и заканувачки содржини“, информираа од полицијата.

0
Споделивања
Exit mobile version