Викендов ќе биде свежо и дождливо, а на планините ќе има и снег

0
Споделивања

Утре и за време на викендот во Македонија ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Утре претежно во јужните делови, а в недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. В недела ќе има и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи, соопшти УХМР.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините, врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

0
Споделивања
Exit mobile version