Во Битола премиера на театарската пртетстава „Вујко Вања“

0
Споделивања

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена „Благој Стефановски-Баге“, премиерно ќе ја изведе претставата „Вујко Вања“ работена според текстот на Антон Павлович Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Прегледи:
630
Објавил:

26 јануари 2024, 10:00
Сподели
Сподели

Драмската приказна „Вујко Вања“ се одвива во руско село, во имотот на еден пензиониран универзитетски професор. Четирите чина се детерминантите што раскажуваат за времето на расплетот на драмската приказна.

-Трагедијата на староста не е во тоа што човек старее, туку во тоа што станува млад по душа и сака на секој начин да живее. А живеењето е најретката работа на светот. Повеќето луѓе само постојат. И се оттуѓуваат. Така и ликовите се визуелни и костимографски детерминирани. Инакви. Со кореографија и музика која ја раскажуваат атмосферата на големиот број „чеховски паузи“, што ем имаат уметнички ефект, ем тој говор на тишината станува многу поелоквентен, произлегувајќи од потребата да се размислува за отуѓеноста и да се најде одговор кој би бил едноставен, дефинитивен…Единствениот начин да се спротивставиш на самотијата до којашто довела староста, и отуѓеноста е желбата, надежта, посочи Билјана Крајчевска, драматург на претставата.

Главната улога во „Вујко Вања“, ликот на вујко Вања го толкува првенецот на битолскиот театар Петар Горко, а во претставата ќе настапат и Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска-Дранговска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски.

ШОУ БИЗ
На интернет кружат лажни експлицитни фотографии од Тејлор Свифт
На социјалната мрежа Икс (Твитер) кружат фотографии од пејачката Тејлор Свифт, кои имаат сексуално експлицитна содржина и се генерирани од вештачка интелигенција.

Прегледи:
1
Објавил:
Administrator

26 јануари 2024, 13:44
Сподели
Сподели
Една од најпопуларните вакви објави собра повеќе од 45 милиони прегледи, 24.000 реобјавувања и стотици илјади лајкови, пред на корисникот што ја објавил да му биде суспендирана сметката.

Оваа објава беше активна на платформата околу 17 часа пред да биде отстранета. Подоцна почнаа да се појавуваат и други со слична содржина, на други сметки.

Многу од овие сметки се сè уште активни, а во некои региони дури и терминот „ Taylor Swift AI “ стана топ тема, што дополнително го промовира овој тип на содржина на пошироката публика.

Политиките на Икс за вештачки генерирана графика и несогласна голотија експлицитно забрануваат ваков тип на содржина да биде на социјалната мрежа, а обожавателите на пејачката го критикуваа Икс што ги остава објавите на интернет толку долго.

Извор: Б92

ЗДРАВЈЕ
Зоран Арсовски доктор ортопед, нов в.д директор на велешката Општа болница
Зоран Арсовски е вработен во ЈЗУ Општа болница Велес во 2015 година, на Одделот за ортопедија и трауматологија, по завршување на приватна специјализација.

Прегледи:
75
Објавил:

26 јануари 2024, 13:40
Сподели
Сподели
За нов в.д директор на ЈЗУ Општа болница Велес е назначен д-р Зоран Арсовски ортопед, вработен во болницата, со одлука на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити од 25 јануари, информира денеска портпаролот на велешката болница Марина Андова.

Инаку, при завчерашната посета на велешката болница министерот за здравство Меџити најави дека неделава ќе биде избран нов в.д дуректор од редовите на велешката болница.

Како што информира портпаролот Андова, за оваа функциа предвид биле земени четири лекари, од кои три жени и доктор Зоран Арсовски кој е избран за нов прв човек кој ќе менаџира со оваа јавна здравствена установа.

Зоран Арсовски е вработен во ЈЗУ Општа болница Велес во 2015 година, на Одделот за ортопедија и трауматологија, по завршување на приватна специјализација. Во периодот од 2011 до 2015 година, работи како професор во средно медицинско училиште во Велес. Од почеток на 2019 година, почнува со ортопедски процедури, кои до тогаш не се изведуваа на Одделот за ортопедија и трауматологија во Велес.

Арсовски почнува интензивно да работи во областа на ендопротетика на колкови и колена. Со тоа завршува потребата пациентите со фрактура на колк да бараат помош во Скопје или Охрид, како што тоа беше случај пред неговото вработување во велешката болница. Воедно, почнува со оперативни интервенции на фрактури на проксимален фемур и операции на фрактури по најсовремени методи.

По постојано доусовршување и надоградување на професионалните вештини, тој почнува со воведување на други процедури, како артроскопија на колена и скочен зглоб.

-Како исклучително стручен во својата област, со именувањето на доктор Зоран Арсовски, ЈЗУ Општа болница Велес доби директор, а градот не изгуби специјалист ортопед, бидејќи тој и во иднина ќе продолжи совесно да ја обавува својата професија како ортопед, потенцира портаролот

0
Споделивања
Exit mobile version