Театарската претстава „Ако останеш дома“ вечерва во Народен Театар Битола

0
Споделивања

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Народниот Театар во Битола, ќе биде изведена претставата „Ако останеш дома“ во режија на Јован Ристовски.

„Ако останеш дома“ драма во еден чин по мотивите на оригиналот на Карој Сакони. Станува збор за трагикомедија со елементи на психолошка драма. Инспирацијата за оваа претстава е секојдневието на народот кој е несреќен и незадоволен повеќе од 30 години. На сцената мажот и жената претставуваат две птици во кафез кои ја изгубиле својата музика, а во публиката гледаат птици кои го изгубиле духот.

Влезници можете да купите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од
18.00 до 20.00 часот.

0
Споделивања
Exit mobile version