Евротип и Голд Слот горди поддржувачи на втората по ред ревијална “Трка за Македонија” во чест на загинатите бранители

0
Споделивања

Во саботата на 27ми април се одржа втората по ред ревијална “Трка за Македонија” во чест на сите загинати бранители од војната од 2001-ва. Должината на патеката која се трчаше беше 25 километри. Трката стартуваше од споменикот “Ангел” кај Саат Кулата во Битола, а се трчаше до село Породин каде почива еден од загинатите бранители од масакрот на Вејце, а потоа следеше враќање до црковниот храм “Св. Троица” во Буковски Ливади.

На трката трчаа 30тина натпреварувачи кои со своето учество во трката сакаат да им дадат до знаење на пошироката јавност дека треба да се почитува споменот на младите бранители кои несебично го дадоа животот за својата татковина Македонија.

Во неделата на 28ми април се одржа вториот дел од “Трката за Македонија” односно дефилето на коњаницата “КЈК Букефал”. Должината на патот кој го продефилира коњаницата изнесува 25 километри.

Компаниите Евротип и Голд Слот кои се дел од КС Групацијата беа дел од спонзорскиот тим на оваа дводневна трка. Сите учесници на трката носеа брендирани маици од компаниите Евротип и Голд Слот.

Овие компании ги поддржуваат традиционалните вредности на нашата татковина Македонија и оддаваат почит кон сите кои го дале животот во борба за Македонскиот народ и суверенитет на Македонија. Секој кој го дал животот во борба за зачувување на македонските вредности заслужува да биде вреднуван и да има свое место во сеќавањето на поединецот.

Евротип и Голд Слот и во иднина ќе продолжат со поддршка на сите настани кои сметаат дека се од интерес за пошироките народни маси.

0
Споделивања
Exit mobile version