Настани

Концерт на кларинетистот Благој Ламњов во Битола

По распродадениот концерт во Велес, кларинетистот Благој Ламњов најавува концерт во Битола на 5-ти јуни во 19:00 часот во Офицерски Дом.

Во овој интимен концертен амбиент, македонско-шведскиот кларинетист Благој Ламњов ( Blago J) ги поместува границите на инструментот кларинет, мешајќи го Македонскиот фолклор со сензитивноста на западната класична музика. Под влијание на двата музички жанра, зачинет со префинета сензитивност, музичкиот стил на Благој ќе ви понуди концертно доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија, создавајќи мост помеѓу стариот и модерниот свет.

Благој е класично образован кларинетист во Шведска, Америка и Македонија. Настапил во половина Европа, Кина, Јапонија, Америка и Канада. Во Шведска вообичаено е ангажиран во операта на Малме, некогаш и 7 месеци во годината, а неговата соло кариера полека но сигурно се движи во нагорна линија.

Поврзани новости