КултураНастани

,,Ќе те шетам по Широк Сокак” – Битолска серенада што одново ќе ве натера да се вљубите во овој град

,,Ќе те шетам по Широк Сокак” е новата битолска серенада на групата Милениум со автентичен видеозапис чија музика, текст, фотографија и приказна, ќе ве натераат одново да се вљубите во конзулскиот град.

Битолчанки се секогаш модерни како во Париз, а битолчани како најотмени и градски, знаат да дадат комплименти и да ја опеат нивната убавина. Токму оваа носталгична претстава за една Битола од пред 80-тина години, Битола која веруваме продолжува да пулсира во истиот дух и денес, е филмски екранизирана во новата нежна и романтична трубадурска песна, серенада.

Битола е емоција, спомен, историја. Битола е уметност, место на љубовта, убавиот збор, на музиката, песната. Битола е серенада.

Во продолжение уживајте во приказната на нашата единствена љубов – Битола.

Поврзани новости