КС Групација им подели велигденски ваучери на своите вработени

0
Споделивања

По повод големиот христијански празник Велигден КС Групацијата која се состои од компаниите Евротип, Голд Фелициа, Голд Слот, Агроброд, 77 Битс и Премиум Сејфти Солушн за своите вработени обезбеди велигденски вредносни ваучери.

Вработените имаа можност да изберат помеѓу ваучер од Голд Фелициа, ваучер од Минтис и ваучер од маркет.

Со ваучерот групацијата сака да им го честита големиот празник на своите вработени и да изрази на некој начин благодарност за нивната посветеност кон работата.

Менаџерскиот тим на компаниите кои се дел од групацијата секогаш работи во интерес на своите вработени и наоѓа начини со кои им дава до знаење дека нивниот импакт во работењето е препознаен и вреднуван.

Вработените се главниот ресурс во работењето на компаниите и затоа заслужуваат да бидат главна карика во целиот процес на функционирање. Нашата групација ќе продолжи и во иднина да ги поддржува своите вработени во секој аспект и на нив ќе гледа како на свои деца, бидејќи една компанија не може да опстојува без човечки капитал.

0
Споделивања
Exit mobile version