НАЈНОВО

Економија

Руските пари ја губат вредноста

Вредноста на руската рубља на отворањето на Московската берза падна и во однос на доларот и во однос на другите светски валути.

Така, денеска во 07 часот по локално време американскиот долар беше продаван за повеќе од 86,88 рубљи, што е најниската вредност на руската валута од 30 март минатата година.

Во исто време еврото скокна на 94,44 рубљи, а кинескиот јуани на 11,93 рубљи.

И цените на нафтата на светските берзи првично скокнаа за 1,40 отсто во однос на претходниот ден, но во моментов полека се враќаат на нормалните вредности. Саботниот бунт на приватната војска „Вагнер“ во Русија предизвика страв на пазарите поради можна политичка и економска нестабилност во земјата, пренесоа агенциите.

Поврзани новости