Се одржа финалниот натпревар во пинг понг од втората бинарна лига чиј спонзор е КС Групација

0
Споделивања

Во петокот на 26ти април во салата на ОУ Климент Охридски во Битола се одигра финалниот натпревар од Бинарната Лига во пинг понг која се одржа по втор пат во организација на Пинг Понг клубот Пелистер од Битола.

Во оваа бинарна лига учество зедоа компании од ИТ секторот, 77 Битс како претставник од КС Групација како и Минт Финтек. Евротип и Голд Фелициа компании од КС Групацијата се спонзори и помагатели на оваа бинарна лига во пинг понг од самиот старт.

Првото место на финалниот натпревар му припадна на тимот на Helix animation, додека пак второпласирани излегоа Qinshift tim 2. Евротип и Голд Фелициа како горди спонзори кои секогаш излегуваат во пресрет на барањата на клубовите кои ги поддржуваат обезбедија поклони за победниците.

КС групацијата постојано дава поддршка кон спортот не само во Битола туку и пошироко во Македонија. Како збир на општествено одговорни компании КС Групацијата сака со личен пример да ја развие свеста на останатите компании за поддршка и развој на спортот.

0
Споделивања
Exit mobile version