Сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд

0
Споделивања

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени.
Во следните денови времето во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места и особено во планинските региони ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

0
Споделивања
Exit mobile version