Спектакуларното Велигденско детско шоу ја исполни Голд Фелициа со детска врева и смеа

0
Споделивања

На 28ми април во Голд Фелициа Битола се одржа Велигденско детско шоу.

Ова шоу се организира втора година по ред. Модератор на шоуто беше кловнот Заги кој е многу популарен меѓу децата.

Одличната организираност на настанот и убавото време привлекоа голем број на посетители кои го надополнија амбиентот со детска радост и насмеани лица.

Во дворот на комплексот Голд Фелициа беше сместен хуманитарниот базар кој беше наменет за големиот Сашо Лазаровски – Брада на кој му се потребни финансиски средства за да го продолжи своето лекување. Посетителите покажаа голем интерес за нашето “Среќно тркало” на кое со уплата од 50 денари учесниците имаа можност да добијат вредни подароци од компаниите кои го поддржаа самиот настан.

Веселите распеани гласови на младите Си – До ѕвездички ги мотивираа најмладите гости на настанот да учествуваат во детското караоке кое беше една од главните активности на настанот.

Во склоп на Велигденското детско шоу се одржа и работилница за декорирање на најубаво велигденско јајце во која зедоа учество голем број на деца кои беа екипирани во повеќе тимови од деца меѓу кои и еден тим лидер кој носеше круна со јајце во бојата на самиот тим. Тимот на жолтите јајца беа прогласени за победник во самата работилница која имаше натпреварувачки карактер. Сите дечиња од победничкиот тим добијаа награди.

Менаџерскиот тим на КС Групација сака да им се заблагодари на своите вработени за својата посветеност кон организирањето на Велигденското детско шоу и нивната несебична помош која ја пружија изминатата недела. Судејќи по насмевките кои се ширеа весело на лицата на сите посетители на настанот можеме да заклучиме дека имавме доста успешен настан на кој луѓето и децата не само што се забавуваа туку и ја покажаа својата хуманост на дело.

Голд Фелициа планира да продолжи да го организира овој настан и со личен пример да ги поттикни и другите компании да организираат вакви настани во пресрет на големите христијански празници кои имаат забавно – хуманитарен карактер.

0
Споделивања
Exit mobile version