Синоќа големиот бренд за забава “Голд Фелициа“ заедно со голем број гости: пријатели, деловните партнери, персонал го прослави вториот роденден. Водителот, кој е дел од кабарето, Никола Пројчевски, на почетокот истакна: тоа е местото каде што световите на убавото јадење, возбудливите игри, луксузните сместувања и хипнотизирачка забава се спојуваат во совршена хармонија“.
–
За организацијата околу роденденската прослава две години “Голд Фелициа“ менаџер и уметнички директор на кабаре, Димитар Андоновски ни рече:
-Во изминатите две години работа на “Голд Фелициа“ мислам дека понудивме многу. Пред се со нашето кабаре кое две години функционира со повеќе од четириесет професионални уметници од сите категории: танчери, пејачи, кореографи, костимографи, односно луѓе кои сериозно се вложија во целиот проект. Кабаре шоуто на сцената на ресторан “Голд Фелициа“ е најпрепознатливо во регионот. Тоа е уметнички проект со кој најмногу се гордееме. Но, тука ќе ги напоменам и бројните концерти на македонските изведувачи и гостите од Србија, Балканот и регионот кои настапија на сцената на “Голд Фелициа“. Станува збор за големи музички ѕвезди од земјите од регионот. Со сето ова “Голд Фелиција“ е препознатлив бренд не само кај нас, туку и во соседните земји. За двете години поминавме секакви ситуации, големи настани, а се гордеам со тоа што како домаќини успеавме и во најтешките задачи да одговориме професионално. Секако задоволство е кога само ќе се спомене “Голд Фелиција“, се добиваат позитивни коментари кај големите ѕвезди, кои не препорачуваат како добри домаќини и одлични професионалци.
-Две години постоење на “Голд фелиција“ значи безброј настани, повеќе од двеста одржани кабарет шоуа, концерти, а сето тоа е најдобрата забава во Битола. Тука најзначајно е нашето кабаре кое е познато во цела Македонија и пошироко. Двете години поминаа брзо, а за наредната година прво го најавувам “Gold Felicia – Summer Festival“ кој започнуваа оваа недела и ќе ги имаме кај нас Цеца, Тони Цетински, а тука се и настапите на ѕвезди од нашето кабаре секој петок и сабота. Веќе во август ќе ги имаме настапите на Северина, Марија Шерифовиќ и многу други изненадувања, сето тоа во прекрасен летен амбиент за незаборавна забава, а тука ќе ја додасеме и одличната услуга на нашиот персонал во ресторанот на “Голд Фелициа“.
-Ние како група “Фонтана“ сме како дел од ова семејство на “Голд Фелициа“ и ни е драго што имаме повод за славење, а тоа е нивниот втор роденден. Ова е еден од најголемите брендови во оваа дејност во Македонија, а им посакувам уште многу успеси понатаму, односно многу поводи за заедничко славање. Вечерва се е во духот на нашата преубава македонска народна музика и ќе направиме музички колаж кој ќе се состои од песни богатата македонска ризница, ќе има стопроцентен македонски производ. Заедно со гостите ќе оддадеме почит кон двајцата наши сограѓани, доајените, битолчаните, Јонче Христовски и Пепи Бафтировски кои оставија голем број незаборавни хитови.
До прославата на третиот роденден не очекуваат уште голем број изненадувања од целиот тим на сега веќе препознатлив бренд во Битола и регионот “Голд Фелиција“, а што се однесува на двете изминати години Пројчевски додаде:
-Нека оваа роденденска прослава биде почеток на уште едно неверојатно поглавје во нашето заедничко патување. На здравје за сите вас и за безбројните спомени што допрва треба да се создадат во Голд Фелициа.