Евротип – Спортски Обложувалници, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, КС Сервис и Premium Safety Solution како општествено одговорни компании ги негуваат хуманитарните вредности во чиј дух организираат крводарителски акции повеќе пати годишно.
На 6ти февруари во канцелариите на Евротип се одржа 11та по ред крводарителска акција на која се приклучија и вработените од JK Travel, Mint FinTech Group и SN Finance.
На крводарителската акција беа собрани 40 крвни единици. Според бројот на собрани единици оваа акција е најмасовната од досегашните акции.
На оваа акција покрај вработените од Битола, течност која живот значи даруваа и вработени од градовите Ресен, Прилеп и Охрид.