Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

22 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

admin 08/08/2023 00:00
z6uatmerc05uuu5nz5au

Со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

– Дваесет и две години поминаа но со голема тежина во срцата во трагичниот настан на Карпалак каде животот го загубија 10-те херои на безбедносните сили на македонската Армија.

Тие несебично се одзваа на повикот на татковината и затоа никогаш нема да бидат заборавени. Длабока почит и сочувство за нивните семејства.

Вашите синови ќе ги паметиме вечно како херои кои за татковината го дадоа најскапоценото – својот живот, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Присутните претставници на бранителите повторија дека 22 години безуспешно бараат да има подостојно спомен обележје на ова место.

-За жал како што го оставивме пред 22 години ова место и денес го наоѓаме така. Се поклонуваме на нешто што го нема.

Една плоча, да ја наречам, нешто најобично кое не доликува на местото и настанот кој овде се случи.

Баравме, бараме и дури сме уште ќе бараме да се направи едно спомен обележје, да се знае дека овие луѓе погинаа за државата не погинале за некој личен интерес.

Друго учесниците од 2001 година се маргинализирани. Никој во државава наша не нè признава. Немаме никакви права.

Тоа е нешто катастрофа, како ние да бевме тие кои се бореа против Република Македонија, не тие кои ја бранеле нашата држава. Ние служиме како некој предмет за поткусурување.

Како едната партија дава другата не дава. Пред месец дена беше во парламентот една партија предложи да се изврши обесштетување на учесниците, ранети семејства на погинати. За жал едните беа против.

Тешко на државата што се гордее со мртви херои, што со живите херои кои не можат да преживеат во држава кој никој не почитува, изјави Јордан Трајковски од Здружение на резервни воени обврзници од Прилеп.

На новинарско прашање дали Владата планира да направи некое достојно обележје, министерката рече дека ќе побара од Општина Желино дозвола Министерството да постави споменик.

– Како што кажав и во изјавата, тие луѓе го дадоа најскапоценото – својот живот за нашата татковина и сметам лично како министерка за одбрана дека заслужуваат достојно спомен-обележје во споменик којшто можеби нема сигурно да ги вратиме назад, но навистина ќе имаме место каде достојно ќе оддаваме почит.

Денес во текот на денот до Општина Желино која е надлежна општина ќе испратам повторно, исто како што го направив и за Вејце, барање да биде дозволено овде да се изгради споменик каков што е достоен и се разбира Министерството за одбрана е подготвено тоа да го реализира, истакна Славјанка Петровска.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа.

При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав.

Загинаа Нане Наумоски (48),Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово, и Пеце Секулоски)29) од прилепско Бело Поле.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (08.08.2023)
Следно: До петок посвежо, од викендот затоплување

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани