Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава

Epica, Jenner и уште 23 бенда носат жесток гитарски звук на EXIT

admin 27/02/2023 00:00
Screenshot_20230227_151806_Messenger-1

По објавувањето на еден од најзабележителните нови гитарски бендови Viagra Boys, владетелите на жестокиот, екстремен звук и годинава ќе го надополнат EXIT фестивалот и, од 6 до 9 јули, ќе го претворат во празник на метал, панк и рокенрол музиката! На Главната бина пристигнува Epica, еден од водечките светски симфо-метал состави од Холандија, како и белградскиот женски метал бенд Jenner, додека 23 нови имиња на култната Explosive бина ги предводат канадскиот Exciter и американскиот Massacre, потоа бразилските металци NervoChaos, мексиканската Armada, данскиот Night Fever, италијанскиот Violentor и многу други! Овие имиња се придружуваат на досега објавените хардкор панкери Wolfbrigade, панк-рок дивата Suzi Moon, британските легенди Cockney Rejects, но и групите The Toasters и Mortal Kombat, кои пристигнуваат на омилената Fusion бина.

Во EXIT Универзумот слетува симфонискиот метал состав Epica, секстетот предводен од единствениот вокал на Simone Simons. Во своето музичко портфолио имаат осум студиски албуми, од кои половина се најдоа на листата топ 10 најпродавани во Холандија, додека албумите „Requiem for the Indifferent“ (2012) и „The Quantum Enigma“ (2014) достигнаа меѓународна препознатливост и се најдоа на американската Билборд 200 топ листа. Зад себе имаат и Music Export Awards награда, која во 2015 им е доделена за најуспешен интернационално признат холандски бенд, додека албумот „The Holographic Principle“ од 2016 година се најде на десеттото место на Loudersound топ листата за најдобри симфо-метал изданија. На Главната бина им се придружуваат и треш металките, белградската група Jenner, чиј албум „To Live is to Suffer“ ги собра позитивните критики ширум светот, а го објави француската „Infernö Records“.

Гитарскиот храм на EXIT, култната Explosive бина, ќе ја затресат нови 23 најжестоки хардкор, метал и панк бендови од различни краеви на светот. За прв пат ќе настапи легендарниот канадски состав Exciter, пионерите на спид-метал жанрот со музичка кариера долга речиси половина век и американскиот Massacre, чиј дебитантски албум „From Beyond“ ги постави дефинициите и насоките за дет-метал правецот. Им се придружува и бразилскиот бенд NervoChaos, кој со сингловите „Son of Sin“, „Torn Apart“ и „Taphephobia“ го најави претстојниот, единаесетти студиски албум „Chthonic Wrath“, како и мексиканските металци Armada, италијанците Violentor и данскиот хардкор-панк бенд Night Fever, додека Sacred Reich сепак нема да настапи.

Покрај гитарскиот звук и жестокиот андерграунд, кој го предводат групите Viagra Boys, Epica, Cockney Rejects, The Toasters, Jenner, Wolfbrigade, Exciter, Massacre, Suzi Moon и многу други, за мултижанровско искуство на EXIT фестивал ќе придонесат највлијателниот електронски панк состав на сите времиња The Prodigy, хип-хоп боговите Wu-Tang Clan, повеќекратниот добитник на „Греми“ наградите Skrillex, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Sofi Tukker, Claptone, Chase & Status, најбараните изведувачи на електронската сцена, колективот Keinemusik, дуото CamelPhat, Indira Paganotto, Hot Since 82, LF System, Vintage Culture и многу други.

EXIT фестивалот ќе биде одржан од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина. Фестивалските влезници се достапни по промотивните цени од 3999 денари и со заштеда од 50%, а можат да се купат на фестивалската веб-страница, како и преку македонскиот сервис за билети mktickets.mk .

Continue Reading

Претходно: Од полноќ нови цени на горивата
Следно: Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни

Поврзани вести

TOM_7278
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (04.04.2026)

Шеталиште 04/04/2026 17:18
TOM_7230
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (28.03.2026)

Шеталиште 28/03/2026 16:55
IMG_1604
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.03.2026)

Шеталиште 14/03/2026 11:33
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани