Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

,,ЕГЗИТ“ изгласан во топ 5 фестивали во светот!

admin 30/01/2023 00:00
Screenshot_20230130_133242_edit_1148518076955622-1

Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)! Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а „Егзит“ се најде пред гигантските настани како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Брнинг Мен“, „Лолапалуза“, „Сигет“, „Авејкенингс“ и многу други!

„Со ова признание уште еднаш се потврдува глобалниот углед на ‘Егзит’, кој веќе над две децении важи за еден од најпрестижните фестивали на светот. Посебно е значаен фактот дека листата е формирана исклучиво со гласови од публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на „ЕГЗИТ“ фестивалот Душан Ковачевиќ.

Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот „Тумороуленд“, по него следуваат американските „Ултра Мјузик“ и „ЕДК Лас Вегас“, а потоа британскиот „Кримфилдс Норт“.

Едно од главните обележја по кои „Егзит“ е познат во светот е фамозната Денс Арена, која важи за водечка сцена на електронската музика во светот. Голем придонес даваат и „Но Слип Нови Сад“ бината, која доби и свој повеќекратно наградуван фестивал, како и низата помали бини кои две децении ја промовираат електронската музика. „ЕГЗИТ“ беше домаќин на највозбудливите имиња на електронската музика во последните 20 години, а многу од нив редовно се наоѓаат на „ДЈ Маг“ листата на најдобри диџеи.

На фестивалската листа на „ДЈ Маг“, покрај „Егзит“, се најдоа и уште неколку фестивали од регионот, како што се „Антолд“, „Хајдаут“, „Сонус“, „Ултра Јуроп“. Овогодишните резултати од гласањето се објавуваат по тригодишна пауза, а „ЕГЗИТ“ беше на „ДЈ Маг“ листата и во 2019 година. 

Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои се С.А.Д., Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија, а негов заштитен знак се токму споменатите топ-листи.

Continue Reading

Претходно: Поскапуваат горивата – Ова се новите цени
Следно: Почина Лиза Лоринг, првата актерка која ја играше Wednesday во „Семејството Адамс“

Поврзани вести

TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
naslovna-30.05-2
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (30.05.2026)

Шеталиште 30/05/2026 16:23
IMG_6874
  • Забава
  • Шоубиз

„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vrati me u život“

Шеталиште 29/05/2026 08:05
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне 49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a 1
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

08/06/2026 13:30
Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година paridenari10-1 2
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

08/06/2026 11:55
Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1 3
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

08/06/2026 11:49
Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“ 20260608133422_big_730x400_44 4
  • Битола инфо

Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“

08/06/2026 11:40
И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер! IMG_20260608_093131_775 5
  • Вести
  • Балкан
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер!

08/06/2026 09:32

Можеби сте пропуштиле

49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Шеталиште 08/06/2026 13:30
f9893445dd9161037c72329609881103
  • Спорт
  • Останати

НОВИ ТИТУЛИ, НОВИ ПОБЕДИ – АК ОЛИМП ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПИШУВА УСПЕШНАТА СЕЗОНА

Шеталиште 08/06/2026 13:27
paridenari10-1
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

Шеталиште 08/06/2026 11:55
gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

Шеталиште 08/06/2026 11:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани