Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Зошто бабари, мазник со паричка, василичарски оган? – Еве што раскажуваат обичаите за овие денови

admin 14/01/2023 00:00
paricka-2

Денес семејствата на православните христијани кои се водат според Јулијански календар, ја пречекуваат Православната или Старата нова година.

За многумина, Василица се празнува и како домашна слава, а именден слават сите оние кои го носат името на светецот Свети Василиј Велики кој бил еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Имено, Василиј бил родум од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Обичаи и верувања кои се поврзани со овие денови:

Од каде доаѓаат ,,бабарите”? 

Според верувањата овие денови (од Божиќ до Водици), претставуваат т. н. Некрстени денови, затоа што легендата вели дека ѓаволите се мачеле да го излажат Исус да не се крсти, за да ,,му ја затворат вратата” на Бога и да не се исполни неговата волја.

Од тука се вели дека деновиве, зли и нечисти  сили се шетаат меѓу  нас и сакаат да ни наштетат. Со цел да се заштитиме од злото, според обичаите, на ниво на целата земја, познати се т.н.драмски игри на луѓето под маски. Ова и денес се случува на ниво на цела етичка Македонија каде одредена група на луѓе е облечена во страшни костими и маски, а со себе носи разни инструменти како ѕвонци, тенџериња, тропалки, предмети кои предизвокуваат врева. Токму таа врева, се верува дека ќе ги избрка лошоте сили и духови.

Во сите градови овие ,,изведувачи” се нарекуваат различно: во скопско-џамалари, во тиквешијата-џаламари,
во охридско-василичари, во битолско-бабари, во разлошко-сурваскаре, во костурско и други места во Егејска Македонија ешкари и тн.

Зошто паричка? 

На овој ден се крши пита (мазник) со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година, а ете го зародишот за ,,приказната со парето”:

– Во времето кога свети Василиј Велики станал архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да ги донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и одбил што било да земе, ниту пак го ограбил градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи што кому му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лепчиња за секој верник. Во секој од лебовите тој ставил малку накит и златници. На денот на Нова година, кога сите луѓе дошле во црква, тој секому му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено. -пишува во житието за Свети Василиј.

Василичарски оган

Палењето на василичарскиот оган, значи испраќање на старата година и истиот е симбол на божествената светлина што, според народните верувања, ги прогонуваат лошите сили.

Такви ни се обичаите, верувањата од преданијата. Но, како и да е, денес е празник. Одете во црква, запалете свеќа и помолете се на Бога за вас, за вашите најблиски, за светот и доброто над злото. За љубовта над омразата! За мирот над војната! 

Continue Reading

Претходно: Психолозите одговараат: Дали на децата треба да им се каже вистината за Дедо Мраз?
Следно: Оптичка илузија – Откријте кои се вашите потсвесни стравови

Поврзани вести

sladoled-so-lesnici
  • Занимливости

Сметка од 44 евра за два сладоледа предизвика широка дебата за туристичките цени во Рим

Шеталиште 08/06/2026 09:25
TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
20260603083556_big_730x400_16
  • Занимливости

Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите

Шеталиште 03/06/2026 08:39
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани