Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Филм

Се снима биографски филм за Ејми Вајнхаус

admin 17/01/2023 00:00
ejmi-vajnhaus-1

Речиси 12 години по смртта на Ејми Вајнхаус, почна снимањето на биографски филм за животот на британската соул-пејачка.

Режисерката Сем Тејлор-Џонсон објави на Инстаграм дека снимањето на „Back to Black“, именуван по вториот албум на Ејми, почнало вчера во Лондон. Таа ја објави и првата слика од глумицата Мариса Абела преобразена во познатата пејачка, со крената коса, тетоважи и големи обетки. Филмот ги следи „живописните рани години на Ејми во Лондон и нејзиното интензивно патување до ѕвездите“, се вели во известувањето.

„Првиот пат кога го видов настапот на Ејми беше на шоу за таленти во џез-клуб во Сохо и веднаш беше очигледно дека не се работи само за талент… Таа беше генијалец. Се чувствувам и возбудено и понизно, бидејќи имам можност да ја реализирам и донесам убавата, единствена и трагична приказна за Ејми, придружена со најважниот дел од нејзиното наследство – нејзината музика“, рече Тејлор-Џонсон.

Режисерката е можеби најпозната по хитот „50 нијанси сиво“, како и биографскиот филм „Џон Ленон: Момче кое не ветува“.

Сценариото за филмот го напиша Мет Гринхалг. Филмот е заеднички продуциран од „Фокус фичрс“, „Монјументал пикчрс“ и „Студиоканал“.

Покрај нејзиниот величенствен глас и големите музички хитови, Вајнхаус ги полнеше весниците и со своето однесување. Таа со години се бореше со зависноста од алкохол и дрога. Почина на 23 јули 2011 од труење со алкохол, на само 27 години. Во 2015 година, британскиот режисер Асиф Кападија сними документарен филм за животот на Ејми Вајнхаус, за што доби и „Оскар“.

Continue Reading

Претходно: Дали знаете каква боја на автомобили најмногу има на патиштата?
Следно: Пазарните инспектори во акција по угостителските објекти, 56 казни за пушење во затворен простор

Поврзани вести

825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
IMG_6590
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Филм

Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 19/09/2026 23:17
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација 848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

15/10/2026 10:42
ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 2
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 3
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 4
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 5
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03

Можеби сте пропуштиле

848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани