КултураНастани

Најголема Бадникова манифестација досега – Во поворките учествуваа 25 илјади деца

Највеличествениот Бадник во регионот, повторно е во Македонија. По завршувањето на најголемата Бадникова манифестација досега, во која бадникови поворки на радоста организираа над 62 градови и населени места во нашата земја, слободно можеме да кажеме дека Македонија никогаш не изгледала поубаво на Бадник.
Првичните проценки се дека околу 25 илјади деца денеска земаа учество во поворките, бројка што ги надмина сите очекувања на организаторите.
Во Скопје, за првпат, Соборниот храм не успеа да ги собере сите коледарчиња одеднаш, па во неколку наврати децата го полнеа храмот, каде што со најголема радост Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан ги пречека и ги даруваше со пригодни подароци.
Ништо помалку масовни не беа и бадниковите поворки во Охрид, Битола, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, а коледарчињата во огромен број ги наполнија улиците и на Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци…
Во сите поголеми градови, Бадниковите поворки беа крунисани со мали божиќни концерти на пригодни празнични песни.
За прв пат целата бадникова манифестација беше инклузивна и толкувана на знаковен јазик, за радоста да ја почувствува секој.
Имено, децата во поворките ги симболизираат ангелите коишто пеејќи ја ангелската песна Вечниот Бог го најавуваат Христовото Раѓање.
За многу години Бадник!
Христос се Роди!

Поврзани новости