Останати

Атлетскиот клуб ОЛИМП го заврши првиот дел од сезоната шампионски

Викендов, во Скопје се одржа Државното првенство за младинци/ки, на кое двете наши атлетичарки Дарија Крстевска и Антониа Крстевска се враќаат со 4 медали.

Во дисциплината 1.500 метри Дарија го освои 1 место, додека Антониа го освои второто место.

Следниот ден, во дисциплината 800 метри, уште еднаш двоен пиедестал за АК ОЛИМП.

Дарија Крстевска го освои и вториот златен медал овој викенд, а Антониа Крстевска ѝ се придружи на подиумот со освоено трето место и тоа во дисциплина во која обично не се натпреварува, што го прави овој нејзин резултат уште позначаен.

„Горди сме на успесите на нашиот атлетски клуб и на оваа нова генерација на таленти кај кралицата на спортовите по која Битола е позната, децении наназад. Возобнувањето на АК Олимп е една од најдобрите работи кои ѝ се случија на Битола, повторно да нижиме успеси во атлетиката.” – истакна тренерот Демир Даутовски кој е познат по откривање и работа со млади атлетичари.

Поврзани новости