Останати

Пет медаљи на Балкан Опен за битолскиот кикбокс клуб „Самурај“

Викендов на 20-21.10 во Тешањ, БиХ се одржа 17- тиот Интернационален куп WAKO BALKAN OPEN каде што нашиот битолски кикбокс клуб САМУРАЈ освои еден златен, два сребрени и две бронзени медаљи.
На натпреварот учество зедоа 15 земји со над 400 натпреварувачи што претставува голем успех за нашите млади кикбоксери.

Најпрво со бронзен медал се закити дебитантката Тамара Божиновска во дисциплина киклајт и категорија помлади кадетки +47kg, веднаш потоа Сара Стојаноска во категорија постар кадет -55kg го освои третото место и само за неколку поени ја делеа од пласман во финалето.

Дамјана Пеовска загуби во финалниот меч со што се здоби со сребрен медал и Леа Бошевска која што зеде учество во две дисциплини освои златен медел најпрво во лајт контакт и веднаш потоа во дисциплината киклајт иако беше надмоќна судиската одлука и пресуди да се здобие со сребрен медал.

Тренерите на Кикбокс Клубот Самурај Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска ни изјавија дека се презадоволни од настапот на сите 6 шест натпреварувачи бидејќи покажаа борбеност и голема пожртвуваност на борилиштата што беше резултат на припремите кои што ги имаа во изминатите месеци.

Исто така тренерите јавно се заблагодарија на сите оние кои што ги подржуваат овие млади спортисти и клубот, како и поддршката од општина Битола и општина Новаци.

Поврзани новости