Останати

Битолскиот Кик Бокс Клубот „Самурај“ со 8 медали во Јагодина – Србија

Битолскиот Кик Бокс клуб „Самурај“ беше дел од „8от Меѓународен турнир Балкан бест фајтерс“ во Јагодина – Србија каде исто така зедоа учество од повеќе земји како Молдавија, Бугарија, Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Словачка со над 500 натпреварувачи.

На ова големо натпреварување учествуваа дури 9 натпреварувачи од Кик Бокс клубот ,,САМУРАЈ ” од Битола, при што се освоени 8 медаљи, од кои : 3 златни; 2 сребрени и 3 бронзени медаљи.
Натпреварувачите од Самурај, кои беа во состав на Македонската Кик бокс Маи Таи Федерација беа доминантни во своите настапи, бидејќи во сите борби покажаа голема надмоќ над противниците.
Леа Бошевска во финалето се сретна со натпреварувачка од Србија и со целосен пресинг во текот на целата борба победи со 3 : 0 освојуваќи го златниот медал во Сениорска конкуренција до 50 кг.

Сара Стојаноска, со 4 настапи и 4 победи убедливо надмоќна над своите ривалки исто така го освои златниот медал во дисциплината постари кадети до 55 кг.
Љупчо Бошевски во дисциплината – 79 кг. Јуниори од 4 борби постигна 4 убедливи победи, од кои две со прекин во втора рунда и две со резултат од 3 : 0, со што покрај освојувањето на златен медал, беше прогласен и за најдобар Јуниор, при што му беше врачен и пехар.
Покрај овие натпреварувачи и уште 5 натпреварувачи од Самурај освоија медаљи, што значи вкупно 8 медаљи.
КБК Самурај – Битола
-Леа Бошевска -50 кик лајт сениори (1-во место)
-Љупчо Бошевски -79 кик лајт јуниори (1-во место)
-Сара Стојаноска -55 кик лајт постар кадет (1-во место)
-Ива Цветаноска -28 кик лајт помлад кадет (2-ро место)
-Тамара Божиновска -55 кик лајт помлад кадет (2-ро место)
-Дарија Петкоска -47 кик лајт помлад кадет (3-то место)
-Дамјана Пеовска -65 кик лајт јуниор (3-то место)
-Димо Гоновски -75 лоу кик јуниор (3-то место)

Вкупно: 3 злата, 2 сребра и 3 бронзи.

Македонија настапи со 191 кикбоксер, а има 211 натпреварувачки влезови.

Поврзани новости