Прилеп инфо

Да и дадеме надеж: Не постои цена за Искра да земе здив

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето.

-Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор. Tаа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра.

Респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор, објавија од Ecrowd.мк.

За Искра може да донирате ТУКА.

Поврзани новости