Битола инфо

Евротип и Голд Слот дел од спонзорите на Трката за Македонија – второто меморијално дефиле на коњаницата “КЈК Букефал”

Евротип и Голд Слот компании кои функционираат во склоп на КС Групацијата се дел од спонзорскиот тим на Трката за Македонија – второто меморијално дефиле на коњаницата “КЈК Букефал” која ќе се одржи на 28ми април, додека трката ќе се одвива на 27ми април. Оваа трка се организира во чест на загинатите во војната во 2001ва година.

 

Должината на патот кој ќе го продефилира коњаницата изнесува 25 километри. Сите учесници на трката ќе носат брендирани маици од компаниите Евротип и Голд Слот.

Нашите компании ја подржуваат историјата на нашата татковина Македонија и ги негуваат традиционалните вредности на Македонскиот народ. Секој кој го дал животот во борба за зачувување на македонските вредности заслужува да биде вреднуван и да има свое место во сеќавањето на поединецот.

Евротип и Голд Слот и во иднина ќе продолжат со поддршка на сите настани кои сметаат дека се од интерес за пошироките народни маси.

Поврзани новости