НАЈНОВО

Македонија

Денес се Цветници: Еден убав обичај на овој празник сè уште опстојува кај луѓето

Денес се слави еден од 12-те најголеми христијански празници, влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, наречено Цветници.

Цветници секогаш паѓаат во недела, ден по Лазарева сабота. Празникот е востановен во Ерусалим кон крајот на IV век како спомен на последната недела од животот на синот Божји.

Со овој голем празник завршува шестата недела од Великиот пост. На денешен ден Исус Христос влезе во Ерусалим на магаре. Заедно со учениците го следеше мноштво кое го слушна зборот за доаѓањето на спасителот и воскресението на Лазар Четиридневниот. Беше пречекан како цар, со овации и палми.

Евангелистите запишуваат дека Исус бил пречекан пред портите на градот со цвеќиња и лисја од палми, кои луѓето ги фрлале пред неговите нозе.

Според традиционалниот народен календар, денешниот ден започнува со миење со вода во која се потопуваа цвеќиња вчера, на Лазарова сабота, за домаќинствата да бидат румени и здрави.

На Цветници најчесто се берат цвеќиња, но не се внесуваат во куќата, туку се чуваат во дворот во сад со вода. Вообичаено е младите на тој ден да си подаруваат цвеќе.

Денес по втор пат од почетокот на Великиот пост е дозволено да се јаде риба.

Поврзани новости