Астрологија

Дневен хороскоп (28.07.2023)

ОВЕН

Аспектите на Месечината со вашиот владетел Марс и Нептун ја поттикнуваат креативноста на уметниците и мотивацијата на спортистите. Парите доаѓаат преку соработка со странци. Избегнувајте расправии со жени.

БИК

Предизвикувачките аспекти на Месечината на полето на финансиите со вашиот владетел Венера, ве прават склони кон непотребни трошоци, поврзани со уредување на станбен или деловен простор.

БЛИЗНАЦИ

Месечината во Стрелец во секстил со Сонцето ви носи понуди од партнери од странство, особено ако вашата работа е поврзана со креативна активност или спорт. Аспектите на Меркур ве прават склони кон нелогични одлуки.

РАК

Кога вашиот владетел Месечината транзитира низ шестата астролошка куќа, под влијание на Меркур, планетата на логиката, може да бидете склони кон погрешни заклучоци кога станува збор за деловни аранжмани. Добриот аспект со Сонцето ви носи зголемување на приходите.

ЛАВ

Месечината на полето на креативноста во триаголник со вашиот владетел Сонце ги прави уметниците и спортистите подготвени со голем ентузијазам да пристапат кон проектни договори со странци. Во љубовта сте растргнати меѓу чувствата и разумот.

ДЕВИЦА

Вашиот владетел Меркур, симболот на комуникацијата, во астролошката куќа на пречките, под влијание на Месечината во Стрелец, ги одложува договорите со странци. Аспектот со Марс во вашиот знак ве предупредува да избегнувате расправии со членовите на семејството и партнерот.

ВАГА

Добрите аспекти на Месечината со Сонцето и Нептун ви носат зголемување на приходите доколку работите во медиумите или некоја друга активност преку која сте присутни во јавноста. Поради положбата на Марс во 12-та куќа, треба повеќе да се одморите.

ШКОРПИЈА

Транзитот на Месечината над Стрелец под влијание на вашиот владетел Плутон, планетата на моќта, поволно влијае на вашите финансии. Заеднички договор со Риби или Рак ви носи успех доколку се занимавате со уметност, спорт или педагошка работа.

СТРЕЛЕЦ

Транзитот на Месечината низ вашиот знак ви носи шанси да ги зголемите приходите како дел од заеднички проект со луѓе кои живеат во странство. Слушајте ги советите на Бик или Риби. Саканата личност чувствува дека не му посветувате доволно внимание.

ЈАРЕЦ

Положбата на Месечината, симбол на емоции и трговија, во астрлошкото поле на ограничувања, под влијание на вашиот владетел Сатурн, планетата на доцнењето, негативно влијае на вашиот начин на комуникација со вашиот емотивен и деловен партнер.

ВОДОЛИЈА

Позицијата на Месечината во астролошката куќа на пријателите, под влијание на Нептун од куќата на парите, ви носи скратено работно време. Со неколку доверливи луѓе пристапувате кон развој на планови поврзани со започнување независен бизнис.

РИБИ

Аспектот помеѓу Месечината во полето на вашата кариера и вашиот владетел Нептун ви носи инспирација и мотивација, доколку се занимавате со креативна професија, спортско или младинско образование. Добивате покана за запознавање од Бик или Девица.

Поврзани новости