НАЈНОВО

Економија

Доларот нагло во пад, еврото зајакна

И на валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна, спуштајќи се блиску до најниското ниво за еден месец.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 140,90 на 140,40 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, највисоко ниво за еден месец, додека вчера во ова време беше 1,0810 долари.

Зајакнувањето на еврото е благодарение на вчерашното зголемување на клучните каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) за 0,25 процентни поени, на 3,50 отсто.

По пораките на ЕЦБ, се очекува дека банката ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во јули, бидејќи инфлацијата се уште е многу висока.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,17 отсто, на 75,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 70,50 долари.

Поврзани новости