ЖивотЗдравје

Ковид 19 за жал не е исчезнат – Симптомите се поинакови и еве на што треба да обрнете внимание

Нови соеви, нови симптоми на ковид 19. За жал вирусот не е исчезнат па затоа е добро да ги знаете симптомите за да можете да ги препознаете.

Сега, според истражувањата, главниот симптом што укажува дека можеби сте заразени со Ковид треба да биде болката во мускулите.

Мускулната болка е предизвикана од ефектите на воспалителните молекули ослободени од имуните клетки како одговор на вирусен напад.

Овој симптом последен пат беше клучен во дијагнозата на Ковид во 2021 година.

Болката потсетува на оние болки кои се јавуваат после напорен тренинг. Пациентите пријавуваат и краткотрајна и долготрајна болка која се јавува при мирување, но и при движење. Истата најчесто се јавува во рамената и нозете и во просек трае два до три дена.

Покрај болката во мускулите, треба да обрнете внимание и на следниве симптоми:

– болки во грлото, чувство на гребење
треска
– затнат нос и течење на носот
главоболка
– кашлица од која не можете да се ослободите
– замор во текот на денот, иако сте спиеле доволно

Извор

Поврзани новости