НАЈНОВО

ЖивотЗдравје

Колку јајца може да изедеме во текот на денот? Се преку овој број може да биде опасно

Кога станува збор за јајцата, самите нутриционисти имаат поделени мислења. Многумина нè советуваат да јадеме по две јајца секој ден, а други велат дека треба да ги консумираме умерено и не толку често.

И покрај тоа, на Велигден сигурно изедовме повеќе од вообичаено, но експертите советуваат да се грижиме за границата на прекумерно внесување.

Пилешките јајца се богати со лутеин, супстанца одговорна за јасен и добар вид.

Биотин, витамин Б12 и протеини кои го подобруваат варењето придонесуваат за зајакнување на косата и кожата. Фосфолипидите кои се наоѓаат во пилешките јајца помагаат да се елиминираат токсините од црниот дроб.

Меѓутоа, што ќе се случи ако претераме со јајцата? Поголемиот внес од предвидениот може да го зголеми холестеролот. ЛДЛ холестеролот, попознат како лош холестерол, се пренесува од црниот дроб до артериите и телесните ткива. Истражувачите велат дека ова може да доведе до акумулација на холестерол во крвните садови и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Жолчките од јајце содржат големи количини на холестерол: според Министерството за земјоделство на САД, на големо јајце содржи околу 185 милиграми холестерол, што е повеќе од половина од препорачаниот внес.

Светската здравствена организација предлага вкупно 300 милиграми дневно. За тоа често зборуваа српските нутриционисти, кои истакнаа дека велигденските јајца треба да се чуваат во фрижидер до седум дена, додека испуканото јајце може да се чува пет дена.

На жените им се советува да јадат по две јајца дневно, додека на мажите се препорачуваат три јајца, иако генерално јадат повеќе.

Поврзани новости