Македонската ракометна репрезентација против Франција го почнува настапот на Европското првенство 2024

0
Споделивања

Денеска ќе стартува 16. Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција во Германија со првите натпревари од групата „А“ во која настапува и најдобрата македонска репрезентација.

Токму нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров го отвораат континенталниот собир, од 18.00 часот во „Меркур Шпил-Арена“ во Диселдорф против еден од фаворитите, не само во групата, туку и за освојување на медал, селекцијата на Франција. Подоцна, од 20.30 часот Германија ќе играат против Швајцарија.

Како што е веќе најавено и од Европската ракометна федерација (ЕХФ), на првите два натпревари ќе биде поставен светски рекорд на фудбалскиот стадион во Диселдорф по број на посетеност пред повеќе од 53.000 илјади гледачи.

Ракометарите се подготвени за овој спектакл, нашите репрезентативци едвај го чекаат стартот на ова историско ЕП. Македонија по осми пат учествува на европските првенства, најдобриот пласман го имаше на ЕП 2012 кога го освои петтото место. Франција три пати беше европски првак во 2006, 2010 и 2014 година.

Овие две репрезентации се сретнаа еднаш на Европското првенство во 2016 година, кога Французите триумфираа со 30:23 во групната фаза.

0
Споделивања
Exit mobile version