Нè очекува спектакл: Еурофарм Пелистер ја распродаде салата за дербито со Вардар

0
Споделивања

Ракометна Битола одново е на нозе бидејќи Еурофарм Пелистер на стартот на плеј-офот во Суперлигата го дочекува најголемиот ривал Вардар 1961.

Натпреварот во „Боро Чурлевски“ ќе се игра пред полни трибини, а клубот потврди дека салата е веќе распродадена. За неполни два дена ги снема билетите за „вечното“ дерби кои се продаваа по 200 и 250 денари.

Ова ќе биде четврто сезонско дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, а трето во рамките на Суперлигата. Вардарци двапати победуваа, во Суперкупот и првиот првенствен меч во Скопје, додека потоа десеткувани во Битола извлекоа понизок пораз и пренесоа максимален број бодови во плеј-офот.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в сабота во терминот од 18:00 часот.

0
Споделивања
Exit mobile version