Најдобрите македонски судии ќе ја делат правдата на дербито во Битола

0
Споделивања

Салата „Боро Чурлевски“ веќе е распродадена, што значи дека в сабота нè очекува уште еден ракометен спектакл меѓу најдобрите македонски тимови – Еурофарм Пелистер и Вардар.

Ждрепката од овосезонскиот плеј-оф донесе дерби на „вечните“ ривали уште во првото коло. Домаќин ќе биде шампионот, а натпреварувачката комисија при РФМ ги одреди делителите на правдата за оваа средба. Судии за мечот кој што е огромно значење за двете екипи ќе бидат нашите најдобри арбитри – Славе Николов и Драган Начевски.

Вардар во плеј-офот влезе со три бода, колку што има и вицешампионот Алкалоид, додека пелистерци имаат еден помалку. Дербито во Битола се игра в сабота, со почеток од 18:00 часот.

0
Споделивања
Exit mobile version