Економија

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток

Во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година, информира Министерството за труд социјална политика.

Со оваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември, за вториот мерен период во текот на февруари, за третиот во мај и за четвртиот во месец јули.

Поврзани новости