ЖивотЗдравје

Нутриционист одговара: Дали вечерата дебелее?!

Кери Ганс е познат нутриционист од Њујорк и на ова прашање ќе одговори: „Ако јадете здрава храна доцна навечер, нема да се здебелите, но ќе се здебелите ако уживате во висококалоричен оброк“.

Притоа таа истакнува неколку факти. „Ако на вашето тело му требаат 1.800 калории дневно за да одржи здрава тежина, а сте консумирале само 900 до 21 часот, можете да изедете уште 900 калории пред спиење без чувство на вина“, објасни Кери Ганс, додавајќи: „Проблемот е следен – колку подоцна од претходниот оброк кој сте го конзумирале е вечерата, толку ќе бидете погладни, а за повеќето луѓе тоа значи повеќе можности за прејадување, што доведува до претерано уживање во претежно нездрава храна. Понекогаш го опишувам со параболата за домино ефектот – чекаш толку долго за храна што не можеш да престанеш да ја јадеш кога конечно ќе пристигне следниот оброк“.

Што треба да направите ако сте изеле балансиран оброк во прифатливо време, а сè уште сте гладни пред спиење?

Советот на Кери Ганс е прво да проверите дали навистина се работи за глад. Запрашајте се: „Дали сум гладен? Дали сум лут? Дали сум осамен? Дали сум уморен?“ Од тука би рекле дека се е поврзано со човечкиот мозок и нашиот однос кон светот. Зшто лушето не можат да се мотивраат доволно? Затоа што прво би требало да расчистат со она што го сакаат, она кон кое претендираат, со нивните мисли, па потоа да одлучат колку здраво ќе се хранат и дали навистина сакаат да ослабат. Откако ќе се ослободите од товарот на „конфузни мисли“, ќе ги добиете бенифитете од мотивацијата. Или воопшто ќе станете помотивирани.

Токму тоа го објаснуваат и експертите. Како тоа влијае на физичкото и менталното здравје?

„Кога јадеме навечер, тоа често нема врска со вистинскиот глад, а кога ќе разберете што е тоа, ќе можете да ги елиминирате грицките дури и во доцните часови“, вели њујоршкиот нутриционист.

Ако сте навистина гладни, почестете се со здрава ужина која содржи 100 калории или помалку. На пример, изедете парче овошје или чаша јагоди, пудинг со малку маснотии, чаша обезмастено млеко, сиров зеленчук или околу 170 мл јогурт со овошје.

Конечно, Кери Ганс им препорачува на луѓето да си легнуваат порано, за да не паднат во искушението да грицкаат нешто нездраво доцна навечер.

Совет плус: Физичката активност, здравата исхрана не би ги дале посакуванте резулати без доволно сон.

Поврзани новости