Свет

Венеција почнува да им наплаќа на туристите за влез во градот

Активистите во Венеција организираа протест против напалаќањето за влез во градот од 25 април, и истакнаа дека сакаат поинаква визија за градот која не го става туризмот во преден план.

Група за социјални станови ја окупираше зградата на општината во вторникот наутро, истакнувајќи транспаренти со критики за туристичката такса од 5 евра. Жителите на Венеција се револтирани бидејќи наплатата за влез во градот нема да го реши проблемот со масовниот туризам.

Протестантите велат дека сакаат поинаква визија за градот каде жителите се во преден план, а не туристите. Ова пред сѐ се однесува на еднодневни патувања на кои секојдневно доаѓаат голем број туристи, кои го парализираат градот и го нарушуваат комуналниот ред. Венецијанците бараат подобро сместување, подобри услови за живот, а не такса од 5 евра што не решава ништо.

Тие сакаат визија не фокусирана на туризмот, туку на домовите и услугите за граѓаните. Градскиот совет одвои речиси 30 милиони евра за поправка и реконструкција на околу 500 станови во историскиот центар, на островите и на копното. Покрај тоа, демонстрантите велат дека околу 2.000 имоти во моментов се празни. Се повеќе од нив го напуштаат градот во потрага по подобри услови за живот.

Градскиот совет соопшти дека приходот од влезната такса ќе оди за услуги кои им помагаат на жителите на градот, вклучително одржување, чистење и намалување на трошоците за живот. Сепак, критичарите велат дека тоа нема да помогне да се намали масовниот туризам кој е една од главните причини за депопулација на Венеција.

Од минатата година во градот има повеќе туристички легла отколку жители.

Поврзани новости