ЖивотЗдравје

Ова се намирниците што предизвикуваат дијабетес тип 2

Се проценува дека 14 милиони случаи на дијабетес тип 2 биле предизвикани од лошата исхрана, покажа една студија неодамна објавена во „Природна медицина“ (Nature Medicine).

Дијабетес тип 2 се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин, попречувајќи ја способноста на телото да го регулира и користи шеќерот како гориво.

Исхраната во која недостигаат цели зрна или има премногу рафиниран ориз, пченица или преработено месо се поврзува со оваа болест. Прекумерното користење на овошни сокови или недоволното количество на зеленчук, јаткасти плодови или семиња без скроб, исто така, имаат одредено влијание врз дијагнозата.

Во оваа студија, истражувачите од Универзитетот Тафтс ја анализираа исхраната на 184 земји во светот користејќи податоци од 1990 и 2018 година, откривајќи дека повеќе од 70 отсто од новите дијагнози во 2018 година се верува дека биле предизвикани од нездрави навики на исхрана.

„Нашата студија сугерира дека слабиот квалитет на јаглехидрати е водечки двигател на дијабетес тип 2 што се припишува на исхраната на глобално ниво и со важни варијации по нација и со текот на времето“, изјави авторот Дариуш Мозафаријан.

Анализата, исто така, покажа дека лошата исхрана води до дијабетес тип 2 кај поголем дел од мажите наспроти жените, помладите наспроти возрасните и жителите во урбаните наспроти руралните места.

„Неконтролираното зголемување на стапката на дијабетесот тип 2 ќе продолжи да влијае на здравјето на населението, економската продуктивност, капацитетот на системот за здравствена заштита и ќе предизвика здравствени нееднаквости ширум светот“, објасни авторката на студијата Меган О’Херн.

Не постои лек за дијабетес, но има огромен број препорачани промени во животниот стил кои ќе помогнат во управувањето со состојбата, како што се губење на тежината, вежбање и добра исхрана.

Поврзани новости