Општина Битола: објавен конкурс за наградата “4-ти Ноември“

0
Споделивања

1. Наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Општината, Република Северна Македонија и светот.

2. Наградата се доделува во две категории: а) едногодишна за достигања во периодот од 01.08.2023 до 31.07.2024 год.; б) за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

3. Наградата за првата категорија се доделува на правни и физички лица, додека, пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.

4. Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а наградата за животно дело се доделува во вид на диплома и паричен износ.

5. Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци.

6. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен во писмена форма, во 10 примероци, а за кандидатите поединци да содржи и кратка биографија.

7. Кон предлогот за доделување на наградата за печатени или снимени творби, се приложува и еден примерок од нив.

8. Конкурсот трае од 24.09.2024 год. до 24.10.2024 год.

9. Предлозите се поднесуваат до Управниот одбор на Фондот за наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола, ул.„Булевар 1-ви Мај“ бр.61 Битола.

Конкурсот е објавен на следниот линк

https://www.bitola.gov.mk/…/Skeniran-Konkurs-2024_001.pdf

0
Споделивања
Exit mobile version